Тулумби

0
304

Состојки:
– 400 мл. вода
– 6 лажици масло
– 250 гр. брашно
– 5 јајца

Состојки за шербет:
– 800 гр. шеќер
– 400 мл. вода
– 1 лимон исечен на парчиња

Подготовка:
Загрејте ја водата. Откако истата ќе зоврие , полека додадете го брашното и постојано мешајте, додека смесата не се згусне и започне да се одвојува од лонецот. Тргнете го садот од оган и оставете ја смесата малку да се излади на собна температура. Во изладената смеса додадете ги едно по едно јајцата, а притоа мешајте со раце. За подготовка на шербетот сварете ја водата и шеќерот на висока температура додека шеќерот не се растопи, а за крај додадете го лимонот и оставете шербетот да се излади на собна температура. Потоа загрејте масло на висока температура, а со помош на шприц за декорирање истискајте ја претходно подготвената смеса во вид на тулумба. Во топлото масло тулумбите сами ќе се завртат. Кога ќе добијат златно жолта боја извадете ги, а потоа ставете ги воо ладниот шербет. Кога сите тулумби ќе бидат готови, полијте ги со остатокот од ладниот шербет и ставете ги во фрижидер за да се изладат пред послужување.

На здравје!

loading...

Коментирај