Тухел пристигна и веќе отпиша четворица, помеѓу нив и сонародникот на Нејмар

0
484

Томас Тухел неодамна беше претставен за нов тренер на Пари Сен Жермен.

Германскиот стручњак е избран од раководството на тимот со цел во Париз да го донесе трофејот од Лигата на шампионите, а наводно веднаш по пристигнувањето ги соопштил имињата на играчите на кои нема да смета.

Како што наведува „Ле Парисиен“ Тухел отпишал четворица дефанзивци за кои смета дека немаат доволно квалитет да ги бранат боите на ПСЖ.

Според информациите отпишани се: Томас Муниер, Дани Алвеш, Јури Берчиче и Лајвин Курзава. На овие четворица клубот нема да им прави проблем доколку сакаат да го напуштат Париз ова лето.

Ќе биде сакако интересно да се види како Германецот ќе се снајде во ПСЖ. Очигледно дека пристигна со план и сопствениците имаат намера да го следат со надеж дека ќе ги одведе до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите. Титутлата шампион на Франција во ПСЖ веќе никого не задоволува.

Извор:   sportski.mk

Коментирај