Цуцуловски: СДСМ да научат дека не може се по нивно да биде и дека со сила убавина не бидува

0
848

Професорот Љубомир Цуцуловски со порака до СДСМ дека референдумот за Преспанскиот договор е завршена работа.

-ЗАКОНИТЕ И ВОЛЈАТА НА НАРОДОТ. СДСМ, како и трабантите околу него, треба да научат дека Референдумот за Преспанскиот договор е завршена работа и дека, според тоа, наместо да се повикуваат на „волјата на народот“ треба да се повикуваат и да ја почитуваат волјата и духот на Уставот и законите, бидејќи без нивно почитување нема ни вистинско почитување на волјата на народот. Треба, исто така, да научат дека не може се по нивно да биде и дека со сила убавина не бидува. Барем толку можат да научат и да разберат, напиша тој.

Коментирај