Цуцуловски: Прошетаа сите дипломати и државници, но никој не даде гаранција дека Грција нема да не блокира

0
732

Профеосорот Љубомир Цуцуловски реагираше на пораките кои досега ги пратија дипломатите кои дојдоа во Македонија, тој вели дека тие порачале дека евентуален успешен референдум е само еден од многуте други предуслови кои државата мора да ги исполни за влез во ЕУ и НАТО, а дека не гарантираат сигурен влез на Македонија таму.

Фејсбук објава на Љубомир Цуцуловски:

ПРОМЕНАДА. После неодамнешната прошетката на луѓето од ЕУ и НАТО работите стануват појасни. Би можело да се рече дека станаа сосема јасни, особено по посетата на германската канцеларка Ангела Меркел. Референдумот за промена на името, историјата и идентитетот, според нив, не е ништо друго освен само предуслов од многуте други предуслови за влез во ЕУ и НАТО. Како поинаку да се разбере изјавата на Меркел дека: „Референдумот ќе значи отворање на портите за Македонија за влез во ЕУ и НАТО“, но дека „… потребно е уште многу работа, но предуслов е успешен референдум.“ Тогаш, која е смислата да се излезе на Референдумот, кога тој не претставува никаква гаранција за членство, туку претставува само еден од многуте предуслови? Реално може да се случи македонската страна сè да исполни, но Грција, заедно со „меѓународната заедница“, да не ги исполнат ветувањата и ладно да порачаат дека сè уште не е дојден моментот за прием, бидејќи треба да се исполнат „само“ уште следниве пред/услови… Односно, да ни соопштат дека ЕУ нема намера да се проширува. Тоа значи дека претходните денови низ Македонија продефилира променада на сè и сешто и на уште понешто, без да се дадат било какви гаранции, но дека Македонија, без разлика на тоа, ќе мора сè да исполни. Тогаш, навистина, која е смислата да се излезе на референдумот? За ставовите на МАНУ, и на некои нејзини членови, во некоја друга пригода/непригода.

Коментирај