Цуцуловски: Кој како дошол на власт, така ќе вледее – Како ќе владее, така ќе замине!

0
575

КОЈ КАКО… Многумина ме прашуваа (некои и понатаму ме прашуваат) зошто одлучив за извесно време да паузирам со мои коментари. Некои, пак, ми префрлаа, и сѐ уште ми префрлаат, сметајќи дека се повлекувам, дека правам отстапки, дека се предавам и сл. Меѓутоа, после ова што денес се случува има ли потреба од каков било коментар? Постои ли каква било реална потреба и натаму да го повторувам (или, верглам) она што цело време сум го повторувал, односно верглал, бидејќи секој настан, секоја одука, секоја слика од денешниот ден претставуваат коментар сам за себе. Оттука, секој коментар на она што се случува во Република Македонија би значело отворено, директно потценување на граѓаните и на нивната способност/интелигенција самостојно да заклучат што е што, а кој е кој.

Затоа, барем засега, не ми останува ништо друго освен уште еднаш да го повторам тоа што десетина, и десетина, и десетина… пати сум го повторувал. Тоа нешто е следното – кој како дошол на власт, така ќе вледее; како ќе владее, така ќе замине.

Фејсбук објава на Проф. д-р Љубомир Цуцуловски

БЕЗ 2/3 МНОЗИНСТВО: На скандалозен и криминален начин со 74 гласаа „за“ донесен Законот за ЈО

Коментирај