Цуцуловски: Господарот е дар, бидејќи дарува работа, плата, здраствено и пензионско осигурување…

0
211

ГОСПОДАРИ. Секогаш ми бил интересен зборот „господар.“ Господарот не само што е Господ, туку тој е и дар. Чија дар е (божји, ангелски или…) не можам да разберам. Но, во секој случај, знам дека е Господ, даден како дар. Господарот е дар и во друга смисла. Тоја е дар, бидејќи дарува работа, плата, здраствено и пензионско осигурување… Тој, едноставно, дарува ж и в о т, бидејќи без работа, плата, здраствено итн. нема живот.

Затоа, кога би се шегувале, на господарите треба да им бидеме бескрајно благодарни и, се разбира, стално да ги даруваме. За господарите има и друга сказна/казна, но за неа во некоја друга пригода. Дотогаш, да сте живи и здрави.

Фејсбук објава на Проф. д-р Љубомир Цуцуловски

Коментирај