Црната боја може да биде многу позитивна: Еве зошто треба да изберете темни парчиња гардероба

0
145

Ако знаете како да ја искомбинирате, црната може да биде позитивна боја, а истражувањата го докажуваат тоа.

Црната боја дава сигурност
Во едно британско истражување, докажано е дека црната боја прави луѓето да се чувствуваат посамоуверено и посигурно.

Поголем број од испитаниците одговориле дека црната е боја која ја поврзуваат со доверба.

Жените пак, велат дека мажите им се попривлечни кога носат црно, па покрај тоа што прави да се чувствуваат сигурно, оваа боја прави луѓето да зрачат со сексапил.

Црната е боја за интервју за работа
Резултатите од ова истражување се корисни за оние кои одат на интервјуа за работа и слични настани на кои треба да ја покажат својата самодоверба и да бидат сигурни во себе.

На следното интервју, состанок или јавно обраќање, не се двоумете и облечете нешто црно.

Добрата и лоша страна на неколку други бои
Другите бои исто така дале интересни резултати во истражувањето, па така, црвената, се смета за сензуален избор за жените, но не и за жените.

Портокаловата и кафеавата имаат големо НЕ за двата пола, бидејќи не се бои кои обезбедуваат сигурност и самодоверба.

Исто така, треба да бидете внимателни со розовата, бидејќи оваа боја не се поврзува со интелигенција, па избегнувајте ја на професионални средби.

Коментирај