Цитати за мотивација и успех од најдобриот – Мајкл Џордан

0
220

Еден од најпознатите кошаркари на сите времиња е Мајкл Џордан. Тој важи за легенда на паркетот, за човек кој ги има најголемите достигнувања во кошарката. Тој беше познат како “Air Jordan”, благодарение на неговите вештини за скокање кон кошот. Џордан беше заштиното лице на тимовите во кои играше, посебно за Chicago Bulls, златното време на тимот. Зад себе има многу награди и титули, вклучувајќи и олимписко злато, 6 медали, шесткратен NBA финалист, NBA Most Valuable Player, 14 појави на NBA All Star Game и многу други признанија. Според официјалниот сајт на NBA тој е нивниот играч со најголема вредност досега.

Мајкл Џордан е човекот кој го достигнал врвот благодарение на напорната работа, но исто така е играч кој учел од своите неуспеси. Токму затоа, пренесуваме дел од неговите мотивациони цитати за животот и работата.

„Во мојата кариера имам направено 9.000 промашувања. Имам изгубено речиси 300 натпревари. 26 пати ми беше дадена топката и довербата во последен момент на натпревар, еден поен и победа, јас имам промашено. Не успевав едно по друго, многу пати, токму затоа го доживеав и најголемиот успех.“

„Некои луѓе сакаат да се случи, некои луѓе си посакуваат да се случи, други пак прават сè за да се случи.“

„Пречките не мора да ве запрат. Ако дојдете до ѕид, не се вртете да си заминете и да се предадете. Најдете начин да се искачите или да го заобиколите.“

„Не прифаќам неуспех. Сите понекогаш паѓаме. Не прифаќам ако некој престане да се обидува.“

„За да бидеш успешен, мора да бидеш себичен, инаку нема да постигнеш ништо. Но, во оној момент кога ќе го стигнеш највисокото ниво, тогаш мора да престанеш и да станеш несебичен.“

„Ако ме форсираш и туркаш кон нешто што мислиш дека е моја слабост, тогаш тоа станува мојата сила.“

„Ако ги прифатиш очекувањата на другите, во тој случај никогаш нема да го промениш резултатот.“

„Талентот и играта носат победа на натпревар, но тимската работа и интелигенцијата ја носат победата на шампионатот.“

Извор: Hybread.mk

loading...

Коментирај