Циркузи: Во македонската прва лига денес видовме два смешни гола! (ВИДЕО)

0
396

Денес во македонската прва лига се случуваше вистински циркус.

Тимот на Шкупи денес стигна до четвртата позиција откако славеше против Академија Пандев со 1:0.

Клубот од Чаир победи само благодарение на голманот на гостите Душан Чубраковиќ. На само четири минути пред крајот Бесир Исеинија погоди неговата мрежа.

Исеини шутираше од околу 20 метри, иако неговиот удар воопшто не изгледаше опасно голманот Чубраковиќ некако се сплетка ја испушти топката и таа заврши зад неговиот грб.

Како овој смешен гол да не беше доволен во победата на Беласица над Шкендија од 2:1 Егзон Бејтулаи си постигна автогол од 30 метри…

Извор: sportski.mk

Коментирај