Ципрас: Не сакам власт без апсолутно мнозинство

0
197

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас изјави дека не сака Влада без апсолутно мнозинство, иако уставот тоа му го дозволува.

Агенцијата АНА објави дека Ципрас ваквата изјава ја дал во интервју за „Open TV“, откако колицискиот партнер и лидерот на Независни Грци, Панос Каменос поднесе оставка од функцијата министер за одбрана на Грција и најави повлекување на неговата партија од владејачката коалиција.

„Јас нема да имам уставен проблем, но јасно е дека ова ќе биде политички проблем”, рече Ципрас.

Тој исто така изјавил и што планира да преземе доколу не успее да обезбеди 151 глас за поддршка на владата.

„Ќе продолжам во согласност со временска рамка и на апсолутно организиран начин кон предвремено излегување на избори”, рече Ципрас.

Весникот „Катимерини” пренесува дека расправата за доверба на Владата на Ципарс ќе се случи во вторник во грчкиот Парламанет, и дека гласањето најверојатно ќе биде в среда.

По оставката на колицискиот партнер и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос, грчкиот премиер, Алексис Ципрас изјави дека ќе побара гласање на доверба, пренесе грчкиот весник „Ефмерида“.

Kаменос претходно по состанокот со Ципрас изјави дека неговата партија ја напушта грчката влада. Преспанскиот договор беше клучната разлика помеѓу коалиционите партнери, а Каменос подвлече дека со Ципрас не успеале да ги надминат разликите по ова прашање.

Откако преспанскиот договор помина во македонското Собрание, следен чекор е ратификувањето во парламентот во Грција.

Коментирај