Циметот го заштитува организмот од дебелеење

0
749

Консумацијата на цимет може да го заштити организмот од дебелина, дијабетес и инсулинска инсуфициенција. Тоа го изјавија научници од САД и Турција на состанокот на Американската кардиолошка асоцијација во Минеаполис. Околу една третина од жителите на Земјата страдаат од дебелина, а во некои земји – на пример Велика Британија или на Блискиот Исток – со прекумерна тежина е речиси половина население. Според прогнозите на СЗО во 2025 година, бројот на луѓето со вишокот килограми ќе достигне 2,7 милијарди, а оние кои страдаат од крајните форми на дебелината ќе се зголемат за 17%. Поради оваа причина научниците и експертите се обидуваат да пронајдат методи за ослободување од вишокот на тежина преку диети или лекови. Турскиот научник Казим Сахин и неговите колеги од Универзитетот Фират откриле дека полифенолни антиоксиданти кои се содржат во циметот, можат да помогнат во борбата против дебелината. Тие направиле експеримент со десетици глодари, кои биле поделени во две групи. Првата група била хранета со висококалорична храна богата со масти, а втората – со обична. И двете групи добивале додаток цимет. Експериментот покажал дека циметот имал благотворно влијание врз глодарите, кои се хранат со мрсна храна. Нивната тежина е намалена во просек за 10%, исто така во нивната крв имало помалку холестерол и го стимулирало натрупувањето на масти во црниот дроб и другите витални органи. Сахин и неговите колеги сметаат дека циметот може да биде користен не само за кулинарски цели, но и за терапевтски цели – за борба против глобалната епидемија на дебелеење.

Коментирај