Централниот регистар имплементира CAF

0
139

По примерот на институциите низ цела Европа и предизикот за одржување и понатамошен развој, ефективност, оперативно работење, исполнување на барањата и очекувањата на клиентите, Централен регистар на Република Северна Македонија го имплементира меѓународно признатиот стандард, Модел – COMMON ASSESSMENT FRAMEWORK – CAF, Заедничка рамка за проценка.

FB_IMG_1557915216024

Заедничката рамка за проценка (ЗРП) е алатка за целосно управување со квалитетот инспирирана од Моделот за извонредност на Европската фондација за управување со квалитет (EFQM) и моделот на Германскиот универзитет за административни науки во Спејер. Таа се базира врз премисата дека одличните резултати во организациското работење, во однос на граѓани/клиенти, луѓето и општеството се постигнуваат преку стратегијата предводена од лидерството и планирање во однос на луѓе, партнерства, ресурси и процеси.

FB_IMG_1557915225212Централниот регистар е сертифициран и за меѓународните стандарди
ИСО 9001, ИСО 14001 и OHSAS 18001, и го има имплементирано стандардот за безбедност на информации 27001.

FB_IMG_1557915207250

Коментирај