Центар урива во Урбан парк, полицијата ги иселува дивовселените жители

0
340

Општина Центар утрово почна со иселување на дивовселените жители во напуштените објекти во Урбан парк на Јужен булевар. Со асистенција од полицијата се прави подготовка за уривање на објектите на чие место е предвидено проширување на паркот и целосно уредување на просторот.

„Речиси еден месец сме во преговори со дивовселените семејства во Урбан парк за да ги напуштат објектите. Имајќи го предвид социјалниот момент, во соработка со Министерството за труд и социјала, им предложивме сместување во прифатните центри, но не прифаќаа.

Неколкумина нè послушаа, се спакуваа и си заминаа, но повеќе не можеме да ги толерираме овие што останаа. Планот е теренот да се расчисти за да може да почне уредувањето. И овој запуштен дел ќе биде парк. Со уредувањето ќе биде опфатен и делот во близина на објектите во паркот што се користи како див паркинг. Таму паркирање нема да има“, изјави Саша Богадановиќ, градоначалник на општина Центар.

Во Урбан парк има 30-ина жители. На нивното однесување се жалеа станарите од околните згради кои речиси цела зима пријавуваа палење пластика и чад од кој не можат да отворат прозорци.

Коментирај