Целер- храна и лек!

0
896

Целерот е двогодишна билка со меснат и вретенест корен. Стеблото му е разгрането, а достига висина од 40 до 80 cm. Листовите се темнозелени и сјајни.

Целерот бил познат уште на старите Грци. Во Хомеровата Илјада се опишува како коњите пасат див целер, а во Одисеја се спомнува постоење на ливади со див целер. Заради пријатната арома и зелените листови, целерот е поврзан со култот на смртта, па во стара Грција се правеле венци за умрениот токму од лисјата на целерот. Венци од целер добивале и победниците во старогрчките Истмиски игри (одржувани во чест на богот Посејдон) и на Немејски игри. Кај древните Грци, во Рим и Египет целерот бил употребуван како лек против некои болести. Во свое време, Хипокрит говорел дека ако нешто не е во ред со твоите нерви, јади многу целер. На почетокот целерот се користел само како лек но дури во 17 век почнал да применува во исхраната.

Од витамините, целерот содржи најмногу витамин Ц, потоа сите витамини од групата Б, каротин и витамините К и Е. Хранливата вредност на целерот е во богатството на минералните состојки: 100 грама целер содржи: натриум (98 милиграми), калциум (55 милиграми), магнезиум (25 милиграми), калиум (291 милиграми) и фосфор (40 милиграми).

Поради многуте хранливи и здрави материи кои ги содржи целерот, оваа билка се смета за многу лековита и здрава. Коренот на целерот и семето се користат за лечење на благи форми на анксиозност и вознемиреност, замор, кашлица, губиток на апетит, често се користи при потешкотии при варењето на храната, при заболувања на желудникот и цревата. Целерот е корисен и за дијабетичарите.

Целерот има благо диуретично дејство, слично како и магдоносот. Поради диуретичното дејство, целерот може да се употребува против: реума, гихт, артрит, песок и камен во бубрезите и во мочниот меур, при воспаленија на мочните патишта, при целулит и преголема телесна тежина, при астма, воспаление на белите дробови, при болести на нервите. Против овие болести целерот делува превентивно, па треба почесто да се консумира.

Поради тоа што ја поттикнува работата на бубрезите и го исфрла вишокот на течности од организмот, целерот е добар и за лицата со отоци, кои се предизвикани од кардиоваскуларни заболувања.

Целерот ги отстранува отровите од телото, помага во регулација на високиот крвен притисок, делува поволно при заболувања на црниот дроб и жолчка и помага во регулирањето на шеќерот во крвта, поради што им се препорачува на дијабетичарите.

Коментирај