Цел фудбалски свет го чекаше ова: Лука Модриќ донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата (ФОТО)

0
568

После Светското првенство во Русија тргнаа сериозно шпекулации околу најдобриот фудбалер на Мундијалот, Хрватот Лука Модриќ, дека тој би можел да го напушти тимот со кој три пати по ред ја освои Лигата на шампионите.

Лука имаше доста интересна понуда од Интер, каде требаше да потпише шестгодишни договор со таа екипа, но четири би ги играл во Италија, а преостанатите две во Џангси Сунинг, тимови со исти сопственици.

Модриќ за оваа понуда не се огласуваше, но ниту демантираше, па преселбата во Милано изгледаше реална.

Според информациите до кои дојде шпански АС, Лука сепак ќе остане во Реал Мадрид.

Ова го потврдува и твитот на Модриќ, каде порача дека отишол во тренинг центарот на европскиот шампион.

Златната топка на Мундијалот со своето останување во Реал се очекува да добие големо зголемување на платата. Моментално заработува 6.5 милиони евра годишно.

Извор: kurir.mk

Коментирај