Прекрасен неделен рецепт – Царска тава

0
2718

Состојки:

  • 1 кг. свинско месо
  • 600-700 гр. мелено месо
  • 500 гр. пилешки стек
  • 500 гр. печурки шампињони
  • 1 кромид
  • 1 чаша бело вино
  • сол
  • вегета
  • црн бибер
  • црвен пипер

Подготовка:  

1. Од меленото месо направете мали ќофтиња, а пилешкото и свинското месо исечете ги на мали коцки. На ист начин исечете ги печурките и кромидот.
2. Во тава на оган прво ставете ги ќофтиња да се пропржат па тргнете ги настрана. Во истата тава пржете го свинското, а потоа и пилешкото месо. На крај во тавата пржете го кромидот па додајте ги печурките.
3. Трите вида месо заедно со кромидот и печурките ставете ги во сад за печење, додадете го виното, зачините и вода, колку да се покрие месото.
4. Се пече на 230 степени, додека не испари течноста.

Забелешка:
Месото само малку пржете го зошто подоцна ќе го ставите да се допече во тавата.
Можете да користите и други зачини по ваш вкус.

На здравје!

Коментирај