Тројца „изметени“ се враќаат на функција, потпретседател на СДСМ и Коста Петров

0
1174

На денешната седница на Централниот одбор на СДСМ, претседателот Зоран Заев ќе именува нови потпретседатели. Како што потврдуваат за „Сакам да кажам“ од партијата, еден од шестте потпретседатели ќе биде и експертот за односи со јавност Коста Петров.

Тој беше дел од тимот на поранешниот министер за здравство Арбен Таравари задолжен за односи со јавноста и дел од годинешниот евровизиски тим на Тамара Тодевска. Петров е говорник за односи со јавност и лидерство, а има објавено 5 книги на оваа тема.

Покрај Петров извори од партијата за порталот брифираат дека за потпретседатели повторно ќе бидат именувани и разрешените Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири, од кои Заев побара оставка од функцијата на 26 мај, во таканаречената „метла“.

Извор:република.мк

Коментирај