ТРОЈА БИЛА ВО МАКЕДОНИЈА: Тројца македонци со четири книги за Троја!

0
765

Илијада била пишана во 6 век п.н.е. на варварски= пелазгиски= т.н.словенски јазик. Таа била напишана со руни (рецки). Потоа таа била препишана со јонски слова од Милет. Конечнo таа била преведена на коине, погрешно старо- грчки јазик, и тоа само во Александрија, дури само во 3 век п.н.е.

Бидејќи коине бил дативен јазик, а во Елада никогаш немало датив, коине немал врска со атичкиот говор. Ова го потврдува и Лукијан, кој говори на атички не се пишело, како што рекол и Григор Прличев, на брзјачки. Следи Григор бил втор Хомер: девтер= де втер= втор. Григор Прличев не го познавал катаревуса, кој бил само од 1868 година. Токму и зато тој пишел само на коине, кој со Апостол Павле постанал христијански јазик- Павле не го познавал атинскиот службен јазик итн.

Атина историски немала никакво важност. Нејзиното наследсто било само од Истокот со Египет. Само еден пример. Атина имала пара со ликот на буф, а буфот бил Семирамида- Вавилонската курва. Буда бил претставен со бригиска митологија, што се гледа на неговите раце и нозе не како буф, туку како гуштер… Следи Индија: в + Инд = Винд за Винди, кои за европските автори од 19 и 20 век биле Словени, непознати во историјата. За поткрепа со својот Дионис= дианис= пианис= пианиш, поврзи со во Египет опиум= опи ум. Да не се изуми бригиското дативно у во Индија кај Зебу, Ману, Меру итн.

Неважната Атина за нејзини потреби си создала своја историја, само со присвојување од туѓи простори:

Во 6 век п.н.е. Пизистрат го задолжил својот Редакциски одбор да создаде слично дело како што имало во Месопотамија (Гилгамешовиот еп)… Редакцијскиот одбор ја склопил „Илијада“ од различни генетско- географски подрачја: од просторите на Египет и Месопотамија со магаре, со коњ и говедо од Бригија и од Јадранските острови кои се населувале околу 6 век п.н.е. За потврда дека „Илијада“ било дело од повеќе простори, се следниве докази: магаре во Мала Азија немало до 480 г.п.н.е., а магарето се сретнува за прв пат во “Илијада“; Елада никогаш не била коњарска, а Мала Азија никогаш говедарска за таму да има говедарска рамница за десетгодишна војна. Во Мала Азија на исток немала море (големо езеро), а на запад планина. Таму нема брзотечни реки кои носат коњи и една да се влива во друга. Следи и податокот дека во „Илијада“ се наведува шафран во Елада, а во Елада никогаш немало шафран, тој досега од Арабија кон север се шири, но се уште го нема во Мала Азија. Во „Илијада“ се сретнува метафорична сцена со јагула, а јагула никогаш не живееле во Мала Азија, ниту некогаш таа таму ќе живее.

Во Пелагонија имало Пелагонско Езеро, кое истекло од Скочиварската клисура. Тоа како Битолско Блато опстоило се` до 1963 година. Во неа имало јагула. Овде се објаснува метафоричната сцена со јагулата, превртена на грб, а со стомачниот дел се белело. Што ова значи? Ова објаснува дека јагулата живеела во водена површина која била богата со органска материја. Бидејќи таа се оксидира, водениот кислород кој е физички растворен, бил потрошен, па јагулите се вртеле на грбот за во влажните шкрги да го поврзуваат атмосферскиот кислорот. Бидејќи ваква состојбата не била во морето, тоа било само во Пелагонско Езеро, во рибниците водата се обогатува со кислород со додавање- фрлање по 100 кг/ха во прав негасена вар…

Во „Илијада“ од Гилгамешовиот еп место бокал со вино го внеле коњот, и мноштво работи внеле од Египет и Месопотамија. Па тоа дело било присвоено како што била и Библијата- еврејството било само од 444 г.п.н.е. Исто така, Исус имал 137 истоветувања со египетското божество Хорус, неколку стотини со Кришна, а и балкански Хорус кој во Русија постанал т.н. словенски. Значи, Словените се најголема лага. Ама не е лага, што во Елада само во 14- 15 век н.е. на Пелопонез дошле Цигани со индијски музички инструмент бузуки, дури и во 20 век и Кавказаци со турски јазик итн. (види мои книги на www.brigien.com) Изложеното се наведува со цел да се објасни дека сета стара историја на Елада била само присвоена туѓа месопотамска и египетска историја, што се гледа и во Атлантида на Платон, во која исто така има магаре и слон, чие генетско подрачје нема врска со било што со Елада и со Атина. Токму за Троја имам објавено две книги: „Хомерова Троја на домородците- т.н. Словени“ јануари 2005 година и „Илијада- фалсификат“ 11.06.2013. Исто така, и „Атлантида- фалсификат на Солон и Платон“ декември 2006 година. Двете последни книги се прифатени од Германската национална бибилотека и тие се наоѓаат на интернет.

Мојата прва книга од почетокот и` беше позната на Маргарита Китан Ивановска која во нејзината книга „Букварот“ говори за Троја, промовирана на 31.05.2009. И Љубен Стојановски говори за Троја во својата книга „Илиаина и Илиос“- докази дека Троја е во Македонија. Јас со Љубе се запознав на 12.08.2013 во близина на мојот стан до Техничко училиште- Битола. Тогаш тој ми кажа дека мојата прва книга ја имал добиено. Јас тогаш нему му ја поклонив мојата 43-та книга: „Античка= етничка Македонија“ од 09.08.2010, во која се говори и за т.н. Троја. Неговата книга беше промовирана на 18.02.2015 во истиот Музеј… ВМРО…

Во книгата авторот го употребува името Грци, кое не го познавал Херодот, ниту било кој. Поимот Грци може да се користи само после 800-тата година кога Карло Велики на Божиќ бил устоличен римски цар. А судирот бил само со Отон Први, кој од македонската династија барал таа да ја ослободи Јужна Италија, на што Македонците се спротивставиле. Следи Отон Први, Македонците ги нарекол Греики, според греи= греј да дојде од каде што греј од Истокот итн. Пак, Македонците од таму биле избркани 1071 година итн.

На стр. 173 авторот под 11 има наслов: „Тројанците се предци на Словените“!?

Доказ за тоа е „Историјата на војните“ на Прокопиј Кесирски, кој пишува: „Овие народи, Словените и Антите, не ги владее еден човек, туку од старо време во демократија…“

Прокоп не познавал живи суштества Словени, туку само Склавини, кои Римјаните не ги познавале до 5 век, а на Балканот се појавиле во 6 век. Тие го обожувале Хорс, кој бил Хорус и Кришна. Бидејќи тие тогаш биле само Повеќебожци, ним не им требал некаков си христијански Исус, кој бил само склавински Хорс итн.

Токму заради неговите Словени овде се јавувам, и јавно се извинувам. Па неговите Словени се непознати живи суштества, нив не ги познавал Херодот и сите други. Веројатно, тие слетале од Свемирот или излегле од утробата на Земјата. Еве и докази: Антите и Венетите биле со потекло од Балканот и Мала Азија, а за Склавините Херодот не чул ни во Африка, Азија и Европа. Откаде дошле таквите Дивјаци? Никој не знае!

Следи словенските автори од душата ги мразам, порадо кои до денес нашиот народ страда. Па Еладците во Обединатите нации во Њујорк итн. им ги носат книгите на нашите автори и говорат, тие не знаат што се. Па ние не можеме да бидеме во исто време Словени-дојденци и Македонци-домородци. И за ова нека одлучи ждрепката.

На стр. 9 тој авторот го наведува Стефан Византиски: „Илиј е во соседство на Пелопонез, западно од Македонија во земјата Европа…“, што го наведувам во сите мои книги во кои се говори за т.н. Троја итн.

Според Херодот, наведената Европа била на просторите на Бригите. Ова говори, Троја била во Бригија. Токму ова јас го пишувам во мноштво книги од вкупно 86 објавени книги. Следи т.н. Троја би требало да биде меѓу Шемница и Црна Река, на Исток да има Море (големо езеро) и на Запад висока планина Баба со највисок Пелистер, л=р. Двата наведени автори пишат тоа било во Бучин. Исто така, тие во своите книги пишувале за митологијата и толкувањата на поимите. Јас ваквото пишување го одбегнав, и се зафатив со биолошки методи за кои сум се школувал и доусовршувал итн.

Народот вели: Со повеќе јајца погуста чорба. Со тоа што се појавиле четири книги за т.н. Троја дека биле во Македонија е голем успех. Токму и затоа авторите се за пофалба.

Да ни се множат такви македонски книги!

Пишува: Ристо Ивановски / Извор: Македонска нација

Коментирај