Трите најсмешни вицови во светот

0
489

Според научниците од Оксфорд, овие 3 вицови за најсмешни

Научниците од универзитетот Оксфорд направија листа на шеги кои дефинитивно ќе ги натераат сите да се држат за стомак од смеење. Еве три од нив:

Полжав со став

Додека еден маж седел дома, некој му чукнал на врата. Кога ја отворил пред него имало полжав. Го подигнал и го фрлил. Три години подоцна, некој повторно му чукнал на вратата. Отвора и што да види – пак истиот полжав. По некоја секунда, полжавот задишан и уморен, му рекол: „Кого фрлаш бе ти, а?

Тројца момци и еден дух

Три момчиња се нашле на пуст остров и здогледале магична лампа во која имало дух кој им рекол дека на сите ќе им исполни по една желба. Првиот посакал да си замине од островот и да се врати дома. Вториот го посакал истото, а третиот рекол: „Осамен сум. Сакам да ми се вратат пријателите“.

Вистинската љубов трае вечно

Светско првенство. Маж барал слободно место веднаш до теренот за да може сè убаво да види. Кога седнал, забележал дека седиштето до него е празно. Го прашал тој преку празното седиште дали на празното место, сепак, некој седи, на што тој му одговорил со „не“. Мажот на глас искоментирал дека не може да поверува дека е светско првенство, а дека има празно седиште. На тоа, другиов му рекол: „Па тоа место всушност е мое. Требаше да дојдам со сопругата, но почина. Ова е прво Светско првенство откако сме венчани, а да не сме заедно.

„О, многу ми е жал што го слушам тоа, тоа е страшно. Зарем не можевте да пронајдете некој друг, роднина, сосед, пријател…“, прашал мажот, а овој му одговорил: „Не можев, сите се на погреб“.

Коментирај