Трипуновски: Со новиот закон СДСМ дава можност партиски шерифи да градат кафани, ресторани и спортски терени на земјоделско земјиште

0
276

Зоран Заев и СДСМ наместо да обезбедат откуп и подобри откупни цени на земјоделските производи, со новиот Закон за земјоделско земјиште им даваат можност на нивните партиски шефови да градат кафани, ресторани и спортски терени дури и на земјоделско земјиште од прва категорија.
Ова значи дека среде кочанско, струмичко или пелагониско поле наместо садење подобри култури и подобрување на условите за одгледување на земјоделски култури ќе никнуваат кафани и ресторани. Ова не е во полза на земјоделците, ова е во полза на партиските моќници на СДСМ, изјави денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски кој додаде:

„Дури и министерот Димковски на денешната прес конференција не веруваше во лагите кои ги читаше и не успеа да го покрие криминалот кој што ќе се случува во иднина со земјоделското земјиште во Република Македонија. Господине Заев, кому му ветивте маркица за кафана, ресторан или спортски терен во сред струмичко, кочанско или пелагониско поле? Кој треба да се офајди и за кого правите дупки во Законот за земјоделско земјиште?“

Според Трипуновски со новиот Закон за земјоделско земјиште и измените во делот на градење, не се помага на земјоделците, чии реални потреби се изградба на земјоделски објекти, помошни објекти за вршење на земјоделска дејност како силоси и складишта и други објекти, туку се отвора можност за изградба на угостителски објекти и објекти за спортско рекреативни активности на земјоделско земјиште.

„Според сите нормативи, но и се поголемата потреба од земјоделско земјиште и производство на храна за одржување на земјоделското земјиште врвен приоритет во светот е истото. Истото треба да се користи за производство на храна, а не за подигање на кафеани, ресторани, хотели, спортски терени и други објекти од неземјоделска дејност.“

-СДСМ две ипол години со прст не мрдна да го подобри откупот и да влијае на зголемување на откупните цени на земјоделските производи во Република Македонија. Сега СДСМ откако сите земјоделци ги исекоа своите стебла јаболка, сливи и други земјоделски култури се расфрлаат со чист популизам преку новиот Закон земјоделско земјиште, без кои не нудат конкретни решенија. Ветуваа сигурен пласман и откуп на земјоделските производи, две ипол години земјоделците плачат од безидејноста на СДСМ и кадрите на СДСМ. Нема подобри услови за земјоделците, нема откуп, нема повисоки откупни цени за земјоделските производи, има само криминал и обиди за изигрување на постоечките закони од страна на власта во име и само во интерес на луѓето блиски до СДСМ, потенцираше Цветан Трипуновски.

Извор:курир.мк

Коментирај