Трилер книги кои ќе ви го одземат здивот

0
117

Трилер филмовите и книгите се токму тоа, возбудливи. Ве држат будни до доцна во ноќта, ви ја разигруваат сивата материја, ви поставуваат прашања, се секоја нова страница барате одговори. Еве неколку неверојатни трилери кои се преведени на македонски јазик и во кои може да уживате во овие долги феврураски ноќи.

Мрачни места – Џилијан Флин

4cbfffa6-29c2-4b3c-91a5-d377f14b748a

Во мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозоморен масакр. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот, а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор. Либи Деј тогаш имала само седум години и била клучен сведок за затворањето на нејзиниот брат. Сега, после дваесет и пет години, Либи живурка и си ги исполнува деновите со постојано размислување за самоубиство. Таа сè уште го нема надминато масакрот, а и кој би можел? Но, баш кога мисли дека не може да биде полошо, се појавува група на луѓе кои се убедени дека таа го сместила погрешниот човек во затвор со нејзиното збунето, детско сведочење. Таа сепак не го видела убиецот, само го слушнала неговиот глас. Дали е можно Бен да е невин? Дали постои некоја семејна тајна што Либи би можела да ја открие или таа само се залажува затоа што сака братот да ѝ се врати? Либи почнува да истражува и сфаќа дека сите во семејството имале по некоја тајна тој ден… а особено Бен. Кој го извршил масакрот?

Џејмс Патерсон – Двојна измама

3f7ece6a-09bd-484f-af21-7ae847b2aea0

Специјалистот по форензичка психологија и ФБИ-агент Алекс Крос се соочува со својот најкошмарен противник – сериски убиец што сака да стане господар на ужасот. Токму кога почнува да води мирен живот со својата девојка и им се посветува на редовните психотерапии со пациентите, доктор Крос е принуден да се врати во игра поради низата дотогаш невидени убиства што го потресуваат Вашингтон. Зад нив стои Убиецот за публика – грозоморниот гениј жеден за слава што ги сценира убиствата како јавни дела низ градот и ги прикажува во живо на Интернет. Во Колорадо, уште еден криминален ум го планира своето триумфално враќање во јавноста. Од својата затворска ќелија со максимално обезбедување, Кајл Крег со години го крои планот за бегство и одмазда. Тој сака да работи сам, без обожаватели и имитатори. Но, ако треба, подготвен е да ги здружи силите со Убиецот за публика за да дојде до човекот што го уапсил пред четири години – Алекс Крос…

Одмазда – Ју Несбе

a3460ccd-3015-4de6-aed3-1cb457dec033

Грабеж на банка во центарот на Осло и нова жртва. А мотивот на маскираниот ограбувач е крајно бизарен… Случајот му е доделен на вишиот инспектор Хари Хуле. Тој добива и нова партнерка, ќерка на легендарен полицаец кој и самиот загинал од ограбувач на банки… Во меѓувреме, сликарката Ана – старата љубов на Хари – е најдена мртва во нејзиниот заклучен стан, токму ноќта по неговата посета…И само што ќе ги затворат случаите како решени – нов грабеж на банка, нова жртва и нови, неочекувани докази. Единствениот кој може да помогне е озлогласениот Раскол, кој во меѓувреме им се предава на властите… Дали навистина одмаздата е таа што ги движи луѓето? И што се случува кога двајца браќа ќе се вљубат во иста жена?

Убијци без лица – Хенинг Манкел

81e74e37-4937-446f-9416-126990851256

Сè започнува со бесчувствително и насилно злосторство: една студена ноќ на една далечна шведска фарма, еден постар фармер е претепан до смрт, а неговата жена оставена да умре со јаже околу вратот. Tоа создава доволно проблеми за полицискиот инспектор на Истад, Курт Валандер, уште повеќе што последниот збор на жената е странец, што на полицијата ѝ претставува единствена трага – а во поширок контекст, тоа е искрата што може да ги разгори и онака распламтените чувства на ксенофобија во Шведска. А, животот на Валандер на личен план се распаѓа: неговата жена го напушта, неговата ќерка не му зборува, дури и неговиот стар татко одвај го поднесува. Тој работи неуморно, се храни лошо и се опива до ситните часови. Но сега, кога зимата заострува, а неговите активности ги надгледува една непоколеблива јавна обвинителка, Валандер мора да заборави на своите маки и да се втурне во битка со времето и со зголемената расна омраза.

Царска потера – Стив Бери

9dd7929e-04a2-41cb-81d2-505d987181c9

Стив Бери е правник по професија кој пишувал долги години и добил дури 85 негативни одговори пред да се пробие како писател. Денес важи за бестселер автор. Како и повеќето автори на трилер книги и тој има централен лик околу кој има поставено неколку книги. Во неговиот случај тоа е ликот по име Котон Мелоун. Во оваа книга, Котон Мелоун се обидува да ја разоткрие мистеријата со загинувањето на неговиот татко. Котон ќе дојде до сознанија дека приказната за несреќата која ја доживеал неговиот татко со подморницата пред неколку децении е лажна и дека зад сето тоа се крие нешто сосема друго. Во случај да сте читале некоја од книгите на Бери (исто така одлична негова книга е Венецијанско предавство), тогаш знаете за колку стручен автор станува збор. Неговата способност да го импресионира читателот со пресврти е присутна во секоја книга.

Извор: www.hybread.mk

Коментирај