ТРИКОВИ ЗА ПОДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ

0
315

Сите имаме лоши денови кога нашето расположение и не е баш најдобро. Но, секогаш постојат начини со кои може да го поправите вашето расположение и самите да си измамите насмевка на усните.

 

Купете си цвеќе

Неколку истражувања на оваа тема потврдија дека свежото цвеќе го подобрува расположението. Затоа, упатете се до најблиската продавница за цвеќе и украсете го домот со разнобојни цветови.

 

Уживајте во мирисите

Аромите влијаат врз нашето расположение. Уживајте во топла купка, а во водата додадете неколку капки ароматично масло. Аромата на нане или лаванда ќе ве смири ако сте нервозни, аромата на портокал или ванила ќе ви даде енергија, а аромата на рузмарин ќе ве ослободи од стресот.

 

Испечете колачиња

Има ли нешто поубаво од чајни колчиња со вкус на цимет и прелиени со чоколадо? Самата помисла на колачиња го подобрува расположението, а камоли да ги направите и да уживате во нивниот вкус…

 

Танцувајте

Колку и да сте тажни, музиката може да ви помогне да се чувствувате подобро. Пуштете ја вашата омилена песна и танцувајте.

 

Читајте книга

Книгите имаат моќ да не однесат во некои други светови и ни помагаат додека читаме да заборавиме на нашите проблеми и сите тежини кои ги носиме на рамениците.

 

Направете си компилација со смешни видеа

Сигурно постои некое видео кое сте го изгледале сто пати и уште се смеете на него со солзи, па затоа направете си компилација со смешни видеа, па секогаш кога не се чувствувате баш најсјајно, пуштете ја!

 

Исчистете го домот

Кога не сте расположени, последно што ви паѓа на памет е чистењето. Но, ракавиците на вас и извадете го бесот со триење на подовите и плочките. Расположението ќе ви се подобри кога ќе сфатите колкава работа сте направиле и се околу вас е чисто.

 

Испијте кафе надвор

Направете го вашето омилено кафе и упатете се во паркот. Средете си ги мислите. Слушнете ја природата. Набљудувајте ги децата кои безгрижно си играат и ќе сфатите колку малку е потребно за среќа!

Коментирај