Трикови кои ги учевме на училиште, а денешните деца не ги знаат

0
242

Порано на училиште не се потресуваа толку многу за што точно пишува во учебниците за само тоа да го предаваат професорите. Тогаш учевме повеќе работи, кои на некој начин ни го олеснуваа животот и ни го разубавуваа. Кои се тие работи кои ние ги знаеме, но не и денешните деца?

Одредување на времето пред да зајде сонцето

1-zajdisonce

Ако ја испружиме дланката и ја поставиме токму под сонцето, ќе може да заклучиме за колку време ќе зајде сонцето. Секој прст претставува 15 минути до заоѓањето.

Денови во месецот

2-broj-na-denovi-vo-mesecot

Кога ќе направиме тупаница, сите коски и вдлабнатини претставуваат месец. Започнете да бројте од едниот мал прст до другиот. Ако месецот е на коска, тогаш има 31 ден, ако е во вдлабнатината помеѓу коските тогаш има 30 денови, со исклучок на февруари.

Во која состојба е месечината

3-Mesecina-ispolnuvanje

Ако ве интересира дали месечината се зголемува или намалува, погледнете ја во која форма е. Ако е во вид на латиничната буква „C“ значи дека се намалува, а ако е во формата на „D“ значи дека се зголемува и за некоја вечер ќе биде полна.

Проверете го квалитетот на батеријата

4-baterii

Кренете две батерии на околу 1-2см над површината на масата и пуштете ги да паднат. Онаа батерија која нема да застане исправено и ќе падне, значи дека е празна или не е квалитетна.

Измерете должина

5-dolzina

Ако ви треба нешто да измерите, а немате линијар или метро во вас, искористете ги прстите. Ако ги испружите палецот и показалецот ќе измерете 18см, а ако ги испружите палецот и малиот прст ќе измерете 20см. Сепак, ако имате поголеми или помали прсти од просечните, добро е да го измерете тоа растојание.

Измерете ги аглите

6-agli-stepeni

Раширете ја дланката и прстите колку што можете повеќе. Мерејќи од палецот до малиот прст ќе добиете агол од 90°, а останатите прсти ги мерат аглите од 60°, 45° и 30°.

Коментирај