Триесет дена притвор за Јахи Јахија од ДУИ, осомничен е за примање поткуп

0
226

Осомничениот Јахи Јахија, државен секертар во Министерството за информатичко општество и администрација, кого Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомничи дека зел поткуп за да намести фирма да добие европски пари, заврши во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Од скопска единица за А1ОН потврдија дека за осомниченото лице судот определил 30 дневен притвор поради опасност од бегство и поради можноста да го повтори делото.

„Постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд во Скопје, го уважи предлогот на Обвнителството и му определи 30 дневен притвор на осомничениот Ј. Ј. вработен во МИОА, по член 165, став 1 и 3 од Законот за кривичната постапка“, велат од Кривичниот суд за „А1ОН“.

Jahi-Jahija-DUI

Извор: Курир.мк

Коментирај