Три убиства за една недела, меѓу нив и деветгодишно дете – убијците на слобода, институциите истражуваат

0
1201

“Случајот се истражува“. Ова е единствениот одговор што може да го добиете од надлежните органи кога станува збор за убиствата. А убијците се на слобода. Во месец март и април регистрирани се 6 убиства. Последното вчера, во 15 часот кога беше убиен 69 годишен од општина Сарај, на влез на селото Рашче додека управувал со својот автомобил Голф 3. Пред 4 дена, беше убиено деветгодишно дете со неговиот татко во селото Слупчане, Куманово. Експертот по безбедност Злате Димовски вели дека полициските служби треба повеќе да се заземат за расчистување на случаите за да можат институциите да ја вратат довербата кај граѓаните, пренесува ТВ 21.

Министерот за внатрешни работи вели дека за 2019 година нема точна бројка на лица кои се убиени, туку статистика има за 2018. Вкупно имало 18 убиства од кои само за едно има епилог.

Во подрачјето на СВР-Скопје во 2017 година регистрирани се 11 убиства, а во 2018 година регистрирани се шест убиства. МВР во рамки на своите активности постојано спроведува акции за заплена на оружје од лица кои истото го поседуваат без соодветна дозвола, велат од МВР за ТВ 21.

Само изминатиот месец се случиле 3 убиства, едно во Скопје, Тетово и Гостивар. Оваа недела исто така се случија три убиства, две во Слупчане и едно во Рашче.

Извор:република.мк

Коментирај