Три посни солени рецепти за кога идеите ќе ви се потрошат

0
437

Ограничувањето на посни состојки може да биде проблем за создавање вкусни рецепти. Но, ако ги имате правите идеи, ништо не е невозможно. Во продолжение Ви нудиме 3 посни солени рецепти, за кога стандардните идеи ќе ви досадат:

Пиперки полнети со туна

Потребни состојки: 4 бабури, 1 конзерва туна, 2 зрели домати, може и доматно пире, 1 мал компир, Средина од 1 парче леб, 2-3 чешниња лук, 1 главица кромид, ½ корен целер, ½ шолја масло, Сол, бибер, оригано

Подготовка: Исчистете им ги рачките на пиперките и исчистете ги од жили и семки. Помешајте го лебот, ситно сечканите кромид и лук со исечениот домат или доматното пире зависи што користите, изренданиот целер, туната и зачините. Мешајте додека не добиете компактна смеса и со неа наполнете ги пиперките. Наполнетите пиперки затворете ги со кругови компир. Попрскајте со маслиново масло и топла вода, па потпечете во рерна додека пиперките не омекнат.

Плескавици од риба

Потребни состојки: 300g туна,  500g ослиќ, 200g сардина, 100g варен ориз, 100g презла, 10 чешниња лук, 2 главици кромид, Лажичка мускатно оревче, Сол, бибер

Подготовка: Сварете го ослиќот, исцедете и оставете да се олади. Потоа иситнете го и измешајте го со туната и сардината. Добиената смеса ставете ја во длабок сад и додадете ги лукот и кромидот. Промешајте ги и варениот ориз и презлата. Додадете ги зачините.,Добро измешајте и формирајте плескавици. Пржете ги во тава на малку масло. Како прилог може да послужите варен зеленчук.

Солена торта од шампињони

Потребни состојки: 500g шампињони, 1 праз, ½ коцка маргарин, 100g посен мајонез, Кори за розен торта, Сол, магдонос

Подготовка: На масло пропржете го празот, па додадете ги ситно сечканите шампињони и исечканиот магдонос. Маргаринот изматете го со мајонезот и додадете ги изладените шампињони. Соединете го филот, па потоа мачкајте ги корите. Може да потпечете неколку минути и тортата да ја послужите топла.

Коментирај