Три научни методи како да се справите со анксиозноста

0
906

Ако сте имале анксиозно растројство, знаете колку е тешко да го надминете. Колку и да се обидувате, тоа често се враќа повторно. Анксиозноста може да се изрази како страв, неуморност, неспособност да се фокусирате на работа или училиште, тешкотии при заспивање или едноставно лесна иритабилност.
Во социјални ситуации тоа би можело да доведе до проблеми во комуникацијата со другите. Може да се чувствувате како другите постојано ви судат, да имате симптоми како пелтечење, потење, поцрвенување или немирен стомак.

Може ли науката да ви помогне? Категорично да. Доволно е да ги следите овие три совети.

1. Кога сте нерешителни и се плашите да направите нешто (бидејќи нема да е направено добро), едноставно направете го со целосна свест дека ќе го направите лошо. Одложувањето доведува до стрес, кој носи анксиозност. Едноставно не се грижете, тоа е она што ќе го направите, без разлика дали ќе биде совршено или не!

2. Ако сте постојано критични кон себе и кон работите кои ги правите – простете си. Само замислете дека имате пријател кој постојано ви покажува сè што не е во ред во вашиот живот.

3. Најдете си цел во животот и почнете да помагате на другите. Ова е особено важно во случаите кога по цел ден не мислите за никој друг освен за себе и сопствените падови.

Коментирај