Три месеци по пуштањето: Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичката Клисура

0
253

Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манајле, напукна асфалтот.

Кон крајот на мај со музика и огномет, беше отворен Коридорот 10 за сообраќај, а српскиот претседател Александар Вучиќ тогаш кажа дека е отворена најтешката, но и најубавата делница од автопатот низ Србија.

Од Коридорите на Србија соопштија дека пукнатините се појавиле на површинскиот слој и дека проблемот ќе се реши во следните два дена, додавајќи дека автопатот е безбеден за сообраќај.

Српски медиуми потсетуваат дека изградбата на автопатот преку Грделичка клисура бил проследен со бројни проблеми – од постојан пробив на роковите, паѓање на косините, до промена на проектот.

По отворањето, граѓаните се пожалија дека косините низ Грделичката клисура не се безбедни, а властите потоа рекоа дека тие не паднале, туку само така изгледа – објавија медиуми во Србија.

Експертите оценија дека работите на Коридорот 10 доцнат поради слабата подготовка на работите и на проектната документација, нереалните ветувања дадени од политички причини, но и поради недостатокот на домашни градежни фирми кои ќе ја извршат оваа задача на најсоодветен начин – наведуваат медиумите.

Коментирај