Три мали животни лекции кои ќе ви помогнат низ големите работи во животот!

0
241

1. Еден ден ќе сфатите..

Колку и да звучи клише еден ден сите од нас ќе сфатиме дека постојат луѓе кои никогаш не издаваат, но пред тоа ќе треба да поминете низ многу предавства.

Еден ден исто така ќе сфатите дека надворешниот сјај е ништо во споредба со внатрешната убавина, а се што е надворешно трае до првиот дожд, за разлика од тоа што е внатре, кое гори засекогаш.

Еден ден исто така ќе сфатите дека многу цитати, изјави и афоризми се празни, а важни се само оние кои што сте ги препознале.

За крај, еден ден ќе сфатите дека нежноста, добрината и љубовта а воедно и грижата се одлика на внатрешната сила, и силните луѓе, а не на слабите.

2. „Предуслов“ вештина..

Некој фотограф во една прилика се сретнал со некоја дама и заминал кај неа на вечера. Тој и покажал неколку од неговите фотографии а таа извикала:

„Колку се прекрасни! Веројатно поседувате многу добар фотоапарат?“

Тој прво премолчил но покасно и рекол:

„Благодарам, вечерата беше навистина вкусна. Веројатно имате многу добри тави.

3. Силата на ситницата

Оваа приказна е одличен потсетник за тоа колку важни работи се ситниците кои ги доживуваме секој ден:

Ако жаба се најде во лонец со врела вода, таа веднаш ќе помисли дека и е непријатно и дека треба побрзо да побегне од таму, а во истиот момент ќе го направи тоа.

Но ако жабата ја сместите во лонец со ладна вода, и го ставите лонецот во печка и пополека го загревате, таа ќе се опушти, велејќи си дека малку топлина нема да и смета. Сето тоа на крај ќе заврши со зготвена жаба.

Поука: 

Многу работи во животот неусетно се зголемуваат. Дали тоа се вишок килограми, долгови или лошо здравје, запомнете дека не треба никогаш да ги потценувате ситниците.

Извор: ЗадАголот

Коментирај