Три интересни разлики помеѓу деснаците и леваците

0
179

Левораките луѓе се многу интересни затоа што се навистина ретки. Само околу 25% од луѓето на светот пишуваат со лева рака. Постојано читаме за интересните разлики помеѓу оние кои пишуват со лева и оние кои пишуваат со десна рака, па и ние денес решивме да ви пренесеме три интересни разлики помеѓу едните и другите.

Финансии

Според истражување на Универзитетот Харвард од 2014 година, левораките имаат од 10 до 12% помал приход од оние кои што пишуваат со десна рака. Зошто заработуваат помалку? Експертите го припишуваат тоа на когнитивните разлики. Според резултатите од истражувањата, левораките почесто работата „рачни“ работи и се соочуваат со когнитивни проблеми кои почесто ги погодуваат левораките отколку деснаците.

Возрасните и постарите левораки луѓе во текот на животот сигурно се среќавале со мислењето дека пишувањето со лево рака е нешто неприродно, па општеството се обидувало да ги „исправи“. Поради тоа извршувањето на некои од физичките задачи може да им биде потешко.

Атлетски способности

Без оглед на претходната точка, левораките би можеле да заработуваат многу повеќе од деснаците доколку одлучат за да се занимаваат со одредени спортови. Тоа особено се однесува на тенисот, боксот и бејзбол и кои било спортови кои вклучуваат фрлање или додавање. Имено, деснаците ретко тренираат одбрана од необични и неочекувани агли за нив, за разлика од левораките на кои тоа им доаѓа природно.

Многумина мислат дека Рафаел Надал, еден од најдобрите тенисери на светот, е леворак. Меѓутоа, тој во суштина е деснак, но неговиот вујко и тренер Тони Надал го учел да играл тенис со левата рака, бидејќи знаел дека тоа е голем предност во тој спорт.

Личност

Според опсежната студија на шкотскиот универзитет Ејбтреј, левораките се склони кон самокритика и преиспитување. Деснаците се поимпулсивни и ретко се грижат за грешките кои ги прават, додека левораците не преферираат спонтано носење одлуки, туку сакаат прво добро да размислат пред тоа. Левораките ќе се двоумат, а деснаците веднаш ќе реагираат.

Извор: kurir.mk

Коментирај