Три деца загинаа, а четворица од седумте повредени се во животна опасност при експлозија на плинска боца во Романовце

0
565

Три деца загинаа, а седум лица се тешко повредени при експолозија на плинска боца во семејна куќа во кумановското село Романовце.

Станува збор за децата С.Б (2009), Ф.С (2012) и С.С (2011), објави Алсат-М.

Министерството за здравство преку соопштение до јавноста информира дека во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.

Четворица од пациентите се во исклучително тешка состојба со голем степен на изгореници и се наоѓаат во животна опасност. Од четворицата хоспитализирани, двајца мажи на 60 годишна возраст се наоѓаат на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. На одделот за Интензивна нега на клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување се примени две жени на возраст од 40 и 45 години. Од тројцата пациенти во „Св. Наум Охридски-Скопје“ една од повредените е жена на 40-тина години е во одделот за интензивна нега, а на 20 годишна пациентката која е бремена се вршат дополнителни испитувања, информираат од министерството.

Од таму додаваат дека во Старата Градска болница е примено и дете со мал процент изгореници.

Од Противпожарната единица од Куманово велат дека повикот го добиле во 10:00 часот, и излегле на лице место со едно возило и четворица пожарникари.

Причината за пожарот е експлозија на плинска боца. Роднините и соседите ги изнеле повредените, по што ние околу еден час го гасневме пожарот, велат пожарникарите.

Исто така, известен е јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово кои на терен и ги утврдуваат причините за несреќата.

Коментирај