Тргачевски: Заев и Рашковски нелегално разрешуваат професионалци и именуваат некомпетентни кадри

0
699

Новата влада на СДС на чело со Зоран Заев и Генералниот секретар Драги Рашковски, длабоко загазија во незаконски дејствија со нелегалните разрешувања на професионалци и именувања на некомпетентни кадри во сите институции. Ова не е констатација само на ВМРО-ДПМНЕ, напротив вчера и Државната комисија за спречување на корупцијата го потврди истото, изјави на денешната прес-конференција Александар Тргачевски од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Рашковски, рече тој,  за да најдат оправдување за неспособноста на нивните партиски функционери, почнаа вината да ја префрлаат на професионалците вработени во институциите.

-Преку класичен мобинг, базиран врз политичка дискриминација, им се закануваат на сите неистомисленици и се обидувааат да креираат атмосфера за нивно отпуштање од работа. СДС реализира партиска чистка согласно ветувањето на Зоран Заев дека ќе избркаат буквално се, од хигиеничар до директор. За да ги реализира ваквите незаконски дејствија, Драги Рашковски си го ангажираше сопствениот кум како правен консултант. Јавноста уште чека одговор на прашањето во каква постапка и кој ја избра адвокатската канцеларија на кумот на Рашковски за да го застапува генералниот секретаријат? Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат, колку нивни пари му се префрлени на кумот на Рашковски и за која цел тоа е сторено? Граѓаните треба да знаат зошто се ангажира адвокатска канцеларија која чини пари и тоа народни пари, кога Генералниот секретаријат на владата има сопствена правна служба?, праша Тргачевски.

Посочи дека вработените во Генералниот секретаријат и во сите институции низ државата се во секојдневен грч и страв од тоа што следува утре, тие се исплашени од оваа, како што рече, политичко-правно цунами кое е управувано од Заев и Рашковски, цунами кое за жал ги зафати сите институции во државата.

-Владата на СДС и Рашковски, за да отворат работни места за нивните партиски послушници и т.н кадри од шарениот невладин сектор, прави директен удар врз припадниците на помалите етнички заедници кои се вработени во тие институции, како турската, српската, бошњачката, ромската и влашката заедница. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше, а и сега предупредува, дека во изминатиот период се направени сериозни прекршување на законите, со разрешувањата и именувањата на членови на управни и надзорни одбори, со незаконското разрешување и именување нови директори во институциите. Направени се прекршувања на законите во илјадници случаи, при давање на откази и уназадавања за по неколку скалила надолу на јавните службеници во институциите, иако знаат дека тоа спротивно од законот за административни службеници, истакна Тргачевски.

Според него, направено е грубо прекршување на членот 8-а од Изборниот Законик, а прекршен е и законот за спречување на корупцијата.

-Потврда на ставот дека Рашковски и СДС владеат со политичко насилие, е и вчерашната седница на Комисијата за спречување на корупцијата каде против Генералниот Секретаријат и Драги Рашковски е поведена постапка за одговорност. Причина за поведување на оваа постапка против Рашковски е поведувањето на дисциплински постапки, суспендирања и откази доделени по распишувањето на локалните избори, со што грубо е прекршен членот 8-а Изборниот Законик. Според комисијата, 32-ца вработени во Владата на Република Македонија поднеле приговор против Генералниот секратаријат на владата, во кој приговор се наведува дека Генералниот секретар на владата Драги Рашковски, на различни датуми по распишувањето на локалните избори до формираната дисциплинска комисија испратил селективни предлози, со кои се бара мерка престанок на работен на однос на неколку селективно определени државни службеници вработени во владата, потенцира Тргачевски.

Истакнува дека ова е директна потврда оти Рашковски носи одлуки кои се спротивни на законот и кои на крај ќе треба да ги плаќаат граѓаните на Република Македонија.

-СДС и Рашковски треба да знаат дека секое незаконско работење и прекршување на законот ќе биде ревидирано и сакционирано. Од нивната ароганција не сфаќаат дека нема вечно да бидат над законите. Со нивното заминување од власт ќе се врати правната држава и секој ќе сноси одговорност за тоа што го правел, рече Тргачевски.

Коментирај