Третолигашот Осогово со „понуда“ за Мурињо: Дојди си кај нас, ќе го научиш македонскиот јазик

0
425

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо пред два дена доби отказ од Манчестер јунајтед, а со „понуда“ за тренерското столче на Мурињо е македонскиот третолигаш Осогово.

Тој на својот Твитер налог на моше духовит начин испрати „понуда“ до тренерот, да дојде и да работи во Македонија.

-Мурињо, дојди си кај нас. Нема што да загубиш бидејќи сигурно ќе бидеме шампиони, а патем ќе го научиш македонскиот јазик,пишува во твитот на тимот од Кочани.

Коментирај