Трегоре: Македонија со мали шанси да добие датум за преговори со ЕУ

0
197

Македонија има мала шанса да добие датум за преговори со ЕУ во јуни но само ако Европската Унија ги раздели Албанија и Македонија во процесот на носење одлука, анализира францускиот експерт за Балканот Лоик Трегоре врз основа на документ на официјален Париз, пренесува Експрес.мк.

Тој ги анализира позициите на францускиот министер за надворешни работи и Европа Жан Ив Ле Дријан според кого Франција ќе даде негативно мислење за барањето за виза либерализација на Косово.

За Албанија нема надеж дека ќе ги отвори преговорите а неизвесност постои само за Македонија која што би имала мала шанса доколку биде одделена од Албанија при анализата за напредокот на земјите.

Коментирај