Трамп приреди прва ифтарска вечера: Муслимани среќен Рамазан!

0
498

Американскиот претседател Доналд Трамп организираше во Белата куќа вечера по повод исламскиот свет месец Рамазан и ја изненади муслиманската заедница бидејчи минатата година избегна да биде домаќин на таа вечера.

Трамп на муслиманите ширум светот им посака среќен празник и испрати порака во која на муслиманската заедница во САД и во странство им понуди обединување.

„Се собираме заедно оваа вечер, ја почитуваме светската традиција на една од најголемите светски религии“, им рече Трамп на собраните, меѓу кои беа и амбасадори од бројни земји со муслиманско мнозинство – Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и Обединетите Арапски Емирати.

Ова е голем пресврт во неговата реторика, бидејќи во текот на претседателската кампања ги повика на потполна забрана за влез на муслиманите во САД и говореше „нас исламот не мрази“

Во текот на вечерата неколку невладини муслимански организации организираа протести пред Белата куќа наведувајќи дека реториката на Трамп придонесе за зголемување на насилството и дискриминација на муслиманските Американци.

Во Белата куќа ифтар се организира уште од администрација на претседателот Бил Клинтон, а таа традиција ја прекина Трамп минатата година, кога наместо вечера издаде соопштение по повод исламскиот празник.

Извор: Курир

 

Коментирај