Трамп без компромис за безбедноста на САД

0
303

Мерките преземени од претседателот Доналд Трамп за затегнување на миграционата политика „во никој случај неможат да се толкуваат како забрана за муслиманите” и „воопшто не влијаат на нивната вероисповест“, изјави за телевизијата „Фокс њуз“ потпретседателот Мајкл Пенс. Според него смислата на декретот „треба да е јасна за секој политички неоптеретен човек“.

„Претседателот Трамп најави пауза (за влез во САД) на луѓе кои доаѓаат од држави компромитирани со тероризам. Ова беше направено за да се анализира постапката за проверка при влез во државата и да се воведат најстрогите мерки, за да не влезат луѓе кои би претставувале закана за нашите семејства и нашата заедница“, појасни потпретседателот Пенс.

Пенс изјави дека откако се активирал декретот на Трамп  над 100 лица се приведени за дополнителни испитувања.

„Ова не е висока цена кога се работи за безбедноста на американскиот народ“, истакна Мајкл Пенс. Тој додаде дека „претседателот нема да прави компромиси на штета на безбедноста на американскиот народ“.

Претседателот Трамп го ограничи престојот до 90 дена во САД на граѓани од Ирак, Иран, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Претседателот издаде наредба да се запре влезот на бегалци во државата за период од 120 дена, како и значително да се намали квотата на прием на бегалци, кои оваа година ќе биде не повеќе од 50 000 луѓе.

Коментирај