Трамп: Асанж тврди дека и дете може да ги хакира демократите

0
535

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на Твитер пренесе делови од изјавата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во врска со тоа колку неговите соработници лесно го хакирале компјутерскиот систем на шефот на изборната кампања на демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон, Џон Подеста.

– Џулијан Асанж вели дека и 14-годишник би можел да го хакира Подеста – зошто Демократскиот национален комитет бил толку невнимателен? (Асанж), исто така, вели дека Русите не му ги дале информациите, напиша Трамп на својот налог на Твитер.

Во друга порака на Твитер, Трамп вели и дека Асанж смета оти американските медиуми „многу нечесно“ известувале за презиборната кампања во САД.

Коментирај