Трајановски и Мисајловски најавуваат градежна експанзија во Ѓорче Петров

0
202

Актуелниот и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски денеска заедно со кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров информираше во предизборните кампањи на двајцата кандидати е и изградба на кружен тек на раскрсницата меѓу булеварите „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“.

Овој кружен тек е неопходно потребен затоа што има големи гужви во текот на денот, највеќе во утринските часови, бидејќи многу возило се сообраќаат на оваа раскрсница. Со изградбата на овој кружен тек ќе се растерети сообраќајниот метеж кој што е на оваа раскрсница. Воедно ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот и по трето ќе се добие подобар изглед на Ѓорче Петров, изјави Трајановски.

Информираше дека ова четвртиот кружен тек во оваа општина, потенцирајќи дека три веќе се завршени. Тој рече дека едниот се наоѓа кај споменикот на Ѓорче Петров, вториот е кај црквата Свети Петар и Павле, и третиот е кај порта Влае.

-Продолжен е и булеварот Партизанска со што влезот на Ѓорче Петров од страната на Карпош и од страната на Центар е направен да биде функционален, широк и модерен булевар. Покрај овие проекти ние за Ѓорче Петров предвидуваме проширување на булеварот „Македонска војска“ во делот на Ѓорче Петров па се до делот на мостот на Даме Груев. Реконструкција на улицата „Лука Геров“ од мостот на Даме Груев па се до Ново Село. Реконструкција патот од Волково до Заобиколница, рече Трајановски.

Вели дека предвидена е и реконструкција на булеварот „Борис Сарафов“, како и изградба на пешачка патека од Хром до „Македонска војска“.

-Се се тоа проекти кои се во интерес на Ѓорче Петров и тоа се проекти кои ќе ги правиме заедно со кандидатот за градоначалник, Владо Мисајловски или иден градоначалник на Ѓорче Петров. Онака како што заеднички работевме досега со градоначалникот на општината Ѓорче Петров, посочи Трајановски.

Мисајловски изјави дека во минатото она што го ветиле пред граѓаните, било исполнето.

-Во Ѓорче Петров има многу кружни текови благодарение на Коце, можевме да видиме како се разубавува Ѓорче Петров и како се разубавува Скопје. Ќе имаме уште еден нов проект, а тоа кружен тек токму позади нас. Уште еден во Ѓорче Петров, односно четири во изминатите години, истакна Мисајловски.

Потенцира дека во програмата не се планира само кружниот тек, туку и реконструкција на главниот булевар, „Ѓорче Петров“, односно делот кој е останат да се заврши, бидејќи како што информира, едниот дел од коловозот е веќе готов.

-Голема благодарност од ѓорчепетровци до Коце бидејќи тоа беше ветување, и се исполни. Но, се продолжува се до Ѓорче 2 во наредната програма, што е многу важно. Имаме целосна реконструкција на овој коловоз. Исто така, „Лука Геров“ ни е ставена во програмата, целосна реконструкција. Улицата „Волковска“ целосна реконструкција. Но, исто така е многу важно и продолжување на „Борис Сарафов“, односно на „4 Јули“ – целосна реконструкција, посочи Мисајловски.

Нагласи дека целта е да се опфатат сите градски улици и таму каде што поминуваат автобуси да бидат целосно реконструирани.

-Голема благодарност до Коце, бидејќи двајцата можеме да направиме многу. Ставивме и нови 100 улици во Ѓорче Петров што заедно ќе ги работиме, исто така со Градот. Со делумна помош од Градот, но ќе биде голем стимул за Ѓорче Петров. Во Ѓорче ќе има градежна експанзија. Ако Коце е градоначалник, ако Владо Мисајловски биде градоначалник, овде ќе има многу работа. Овде ќе има работа и работа. И тоа ние ви го ветуваме на вас граѓаните и така ќе продолжиме во иднина. Често пати даваме изјави, но тоа што ќе го кажеме, остануваме позади тоа, истакна Мисајловски.

Коментирај