Трагедија ја потресе Македонија: Родилка почина во болница- бебето преживеа

0
294

Родилката Маја Паневска од Свети Николе починала утрово во болницата во Штип откако вчера вечерта била породена во болницатa.

Како што дознава МКД.мк од семејството, жената се породила со машко бебе, а утрово починала под засега се уште неразјаснети околности.

Семејството нема информации од што настапила смртта и кога дошло до влошување на состојбата кај родилката.

Директорот на штипската болница, Ален Георгиев, го потврдил случајот, но не кажа повеќе информации за трагедијата, а во текот на денот очекуваме одговори за тоа како било извршено породувањето, дали имало компликации при породувањето и кои се причините поради кои настапила смртта

Коментирај