Траеше цела вечност: Дали ова е најспориот изведен пенал на сите времиња?

0
228

Во англиски Чемпионшип во саботата се одиграа натпреварите од 3. коло.

Барнсли на свој терен го пречека Чарлтон и одигра 2:2, а без победа остана во самата завршница од натпреварот.

Домашниот тим поведе во 34. миута преку Вудров, но гостите само шест минути подоцна израмнија на 1:1.

Веќе на самиот почеток од второто полувреме, во 48 минута, Барнсли повторно стигна до водство кога Чаплин постигна погодок за 2:1, а тој резултат беше на семафорот се до 89. минута.

Тогаш беше досуден пенал за гостите, а сигурен од белата точка беше Тејлор за конечни 2:2.

Она поради што овој играч стана хит на друштвените мрежи е спориот изведен пенал.

Тејлор излезе надвор од шеснаесетникот на околу 20 метри и после тоа лесно, чекор по чекор одеше кон топката за на крајот конечно да го изведе пеналот и да постигне погодок.

Извор: sportski.mk

Коментирај