Тотенхем и Ливерпул со пласманот во финале заработија цело богатство!

0
300

Ливерпул и Тотенхем приредија две големи изненадувања во полуфиналето од Лигата на шампиони и се изборија за англиско финале во најелитното натпреварување.

И двете екипи во полуфиналето направија неверојатни пресврти, Ливерпул по поразот од 0:3 на „Камп Ноу“, пред своите гледачи славеше со 4:0 против Барселона, додека Тотенхем со гол во 95-та минута дојде до победа од 3:2 над Ајакс.

Според пресметките Ливерпул со пласманот во финалето заработи 107 милиони евра. Доколку успејат да го победат Тотенхем во финалето, „црвените“ ќе заработат дополнителни четири милиони евра, однносно вкупната заработка би била околу 111 милиони евра.

Кога е Тотенхем во прашање, клубот досега инкасирал 102 милиони евра, а со оние четири милиони доколку стане шампион на Европа, ќе има вкупна заработка од 106 милиони евра.

„Црвените“ добија 15 милиони евра за учество во ЛШ, 56 милиони евра како награда, 23 милиони евра за коефициентот и 13 милиони евра за ТВ правата.

Идентично како и Ливерпул, Тотенхен доби 15 милиони евра за учество, 55 милиони како награда, 16 милиони за коефициент и 16 милиони евра за ТВ правата.

Извор: sportski.mk

Коментирај