Тотенхем го продава името на стадионот за најголема сума во историјата на спортот!

0
436

Англискиот фудбалски клуб Тотенхем оваа година го претстави новиот стадион во кој има вложено нешто повеќе од милијарда фунти.

Стадионот на Тотенхем се уште нема име и се вика „Стадион Тотенхем“. Тоа е така затоа што се уште не е постигнат спонзорски договор.

Сопственикот Даниел Леви бара дури 25 милиони фунти годишно и договор на 10-15 години, но призна дека се уште не е блиску до договор со ниту една компанија.

Доколку Леви го истера своето Тотенхем би го престигнал Манчестер Сити кој од својот спознор добива 21.9 милиони фунти годишно. Всушност тоа би било рекордна сума во историјата на спортот кога се продажбата на имињата во прашање.

Извор: Спортски.мк

Коментирај