Тотален дебакл во Охрид: Едвај дваесетина луѓе ги пречекаа Димитров и Рот на дебата (ФОТО+ВИДЕО)

0
1074

Денеска со почеток во 11 часот на Античкиот театар се одржа дебата со млади на која учествуваа македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за Европа при германското МНР, Михаел Рот и градоначалникот Јован Стојаноски.

Како што може да се види на фотографиите од настанот, еден од најгласните претставници на владата кој повикува за гласање за референдумот, министерот Димитров во античкиот театер бил пречекан едвај од дваесетина луѓе на закажаниот настан.

Dimitrov-debata-Ohrid-1

Како и во повеќе градови низ земјата каде деновиве гостуваат претставници на владеачкото мнозинство на настани ораганизирани како дел од кампањата за поддршка на референдумот, и денешениот собир во Охрид доживеа вистински дебакл каде гостите едвај го пополнија просторот под чадорите.

Коментирај