Тортевски: Најголемата одговорност е кај МВР

0
371

Најголемата одговорност е кај МВР, без оглед дали е побаран притвор од обвинителството или не, смета адвокатот Александар Тортевски, кој синоќа во „Топ Тема“ гостуваше со професорката Мирјана Најчевска.

-Груевски не беше присутен на објавување на пресудата. Во овој случај имаше спортска шанса од три дена за Груевски да бега – вели Тортевски.
Повторувајќи дека вината за бегството на Никола Груевски ја гледа во МВР, односно кај министерот Оливер Спасовски, ја коментираше изјавата на Спасовски во емисијата „Само Вистина“ и неговото барање за притвор на останатите обвинети во случаите на СЈО.

-Министерот со ова врши класичен политички притисок за да се изрекуваат мерки притвор, врз судот. Да се потсетиме дека токму денес неполни 24 часа по изјавата на министерот за внатрешни судот изрече мерка притвор за двајцата поранешни високи државни и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Божиновски и Миле Јанакиески.

Тортевски смета дека се врши притисок врз институциите да носат одлуки, а како доказ за тоа го посочи притворањето на Јанакиевски и Божиновски.

– Веднаш по изјавата на Оливер Спасовски во однос на бегството на Никола Груевски дека ќе се побара притвор за опфатените со судски постапки, а денес имаме апсење на Јанакиески и Божиновски. Тоа е притисок врз институциите, потенцираше адвокатот Тортевски.

Извор:republika.mk

Коментирај