Тортевски: Мојата интуција ми вели дека Боки не можел ништо да направи без сигнал од Јанева

0
207

По се изгледа дека ова ќе биде одлучувачка недела за случајот „Рекет“ и за тоа дали предметот ќе се прошири на нови осомничени. Шоуменот Бојан Јовановски и неговиот соработник Зоран Милески Кичеец, се во притвор веќе еден месец, а јавноста е нетрпелива да дознае кој се е вмешан во аферата. Утре на распит кај обвинителката Вилма Русковска, ќе се јави и нејзината колешка, шефицата од СЈО, Катица Јанева, по што ќе се знае дали специјалната јавна обвинителка ќе добие статус на осомничена.

Јавноста будно го следи овој случај, кој предизвика силни потреси и кај власта, поради блискоска на високи функцинери од Владата на Заев со првоосомничениот. Падот на Боки Тредичи фрли црна дамка на Специјалното јавно обвинителство, а се заканува да ја разниша и Владата.

Но изминативе недели постојано се поставува прашање, на кое утре најверојатно ќе има и одговор. Зошто Јанева до сега не беше повикана на распит и зошто се доби впечаток дека се калкулира со нејзиното ставање под истрага?

Во јавноста се уште се поставуваат прашања дали некој ја штити Јанева, а се позасилени се шпекулациите за наводни материјали кои компромитираат високи функционери. Дали постои уцена за спас на обвинителката?

Целосната изјава може да ја прочитате ТУКА

Извор: Курир.мк

Коментирај