Торта со кроасани

0
578

Состојки:
– 4 пакетчиња пудинг од ванила
– 1 200 мл. свежо млеко
– 12 лажици шеќер
– 13 парчиња бисквити
– 100 гр. путер
– 100 гр. млечно чоколадо
– 4 кроасани

За декорација:
– 50 гр. бело чоколадо
– 50 гр. млечно чоколадо

Подготовка:
За оваа торта користете тавче со дијаметар од 25 cm. Потопете ги бисквитите во малку загреано млеко и поставете ги на дното на тавчето. Пудингот од 4 кесички ставете го во сад, додадете 2 супени лажици шеќер и 200 мл. топло млеко. Мешајте се додека шеќерот не се растопи. Во меѓувреме загрејте 1литар свежо млеко во тенџере со 10 лажици шеќер. Изрендајте 100 гр. млечно чоколадо. Кога млекото ќе почне да врие, извадете го шпоретот и ствете го пудингот со постојано мешање се додека не се згусне. Откако ќе згусне пудингот ставете го путерот и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Добиениот крем поделете го на два еднакви делови. Во едниот дел ставете го изренданото чоколадо. Мешајте се додека не се стопи чоколадото. Кафениот крем ставете го врз бисквитите. Потоа врз него наредете ги кроасаните. Доколку е потребно, исечете ги и пополнете ги дупките. На кроасаните ставете го белиот крем. Убаво протресете го тавчето за рамномерно да се распредели белиот крем. Оставте ја тортата на собна температура  па потоа ставете ја во фрижидер. За декорација, изрендајте бело и кафено чоколадо.

На здравје!

Коментирај