Торта со локум и ореви

0
497

Состојки:

  • 400 мл. јогурт
  • 1 1/2 чаши шеќер
  • 3 чаши брашно
  • 1 1/2 чаши масло
  • 1 лажичка сода
  • 1 лажичка ванила
  • 2 лажици кора од лимон
  • 1 филџан ореви
  • 100 гр. локум
  • 2 лажици шеќер во прав

Подготовка:

Јогуртот (400 гр.), шеќерот (1 1/2 чаши) и сода бикарбоната (1 лажичка) измешајте ги и оставете ги 30 минути да отстојат. По 30 минути додадете ги во смесата маслото (1 1/2 чаши), брашното (3 чаши), ренданата кора од лимон (2 лажици) и ванилата (1 лажичка), и потоа убаво измешајте. Добиената смесата ставете ја во сад за печење премачкан со масло и брашно. Локумот (100 гр.) исечете го на мали коцки и заедно со мелените ореви (1 филџан) посипете ги врз смесата. Десертот се пече на 180 степени до готовност. Пред сервирање посипете го десертот со шеќер во прав (2 лажици).

На здравје!

Коментирај