ТОП 6: Виолетови намирници кои се одлични за здравјето

0
154

Растителните намирници со виолетова боја не се само атрактивни на изглед, туку се и вистинска ризница на нутритивни и антиоксидантни материи, како што се ресвератролот и антоцијанините. Од нив всушност потекнува и нивната интензивна боја. Па, во продолжение ви припремивме листа со неколку виолетови намирници кои се одлични за здравјето.

Намирниците како модриот патлиџан, црвената зелка, сливите, грозјето, боровинките и цвеклото ги намалуваат воспалителните процеси и оксидативниот стрес во организмот, а тоа значи дека го неутрализираат штетното влијание на слободните радикали. Денес знаеме, дека токму воспалителните процеси се главни предизвикувачи на најтешките заболувања како што се канцерогените. Виолетовите намирници исто така, штитат од деменција и го подобруваат здравјето на кожата. Па така, со нивна редовна консумација се намалува ризикот од хипертензија, покачен холестерол, дебелина, срцеви заболувања и дијабетес.

Цвекло

Интензивната црвено-виолетова боја на ова коренесто растение се должи на високата содржина на пигментот беталаин, кој поседува антиксидативни и против воспалителни својства. Доколку го вклучите цвеклото во вашата секојдневна исхрана, во голема мера ќе го намалите ризикот од хипертензија, канцерогени заболувања и проблеми со дигестивниот систем. Благодарение на јаглехидратите, протеините и здравите масти кои ги содржи, овој коренест зеленчук ќе ве исполни со многу енергија. Тој е совршен избор за спортистите кои се изложени на зголемен физички напор. Цвеклото избилува и со витамините А, Б1, Б2, Б6, Б12 и Ц и со минерали, како што се фосфор, калциум, железо, манган, јод, бакар и кобалт. Со консумација на 100 грама од овој плод, во организмот внесувате само околу 42 калории.

Црвена зелка

Зелката која ја нарекуваме црвена, всушност е виолетова. Таа е идеална намирница за зачувување на здрава телесна тежина, затоа што содржи само 22 калории. Освен јаглехидрати, протеини и растителни влакна, таа ги содржи и витамините А, Ц и К. Овие антиоксиданси го намалуваат ризикот од очни заболувања, остеопороза, канцер, срцев удар и дијабетес.

Модар патлиџан

Модриот патлиџан е богат со многу нутриенти како што се протеините, витамините А, Б1, Б2, Б6 и Ц, калај, магнезиум, калциум, железо, фосфор, бакар и цинк. Благодарение на големата количина на калај, тој дејствува како природен диуретик. Богат е и со растителни влакна, па ја подобрува работата на дигестивниот систем и заштитува од појава на рак на дебело црево. Благодарение на изобилството на калциум и железо консумацијата на модри патлиџани ги подобрува менталните способностија ублажува анемијата, го намалува ризикот од срцеви заболувања и го чува здравјето на коските. Со оглед на тоа што претставуваат богат извор на антиоксидансиго намалуваат ризикот од карцином. Изобилството пак на растителните влакна, како и малата количина на јаглехидрати, го балансираат нивото на шеќерот во крвта, па се препорачливи и за дијабетичари.

Боровинки

Тие содржат антоцијанини, па затоа заштитуваат од мозочен удар, канцер и други тешки заболувања.  Една чаша од ова овошје содржи 81 калорија и 4 грама растителни влакна. Боровинките се богати со витамините Б2, Ц и Е.Тие го чистат уринарниот тракт, штитат од Алцхајмерова болест, ја поттикнуваат работата на цревата, го подобруваат видот, ги олеснуваат дишните проблеми, го намалуваат холестеролот, делуваат лековито при гихт, остеоартритис и тегоби предизвикани од бактеријата ешерихија коли. Содржат и елагинска киселина која е моќен борец против канцерогените клетки.

Виолетов батат (сладок компир)

Виолетовата боја на кората на овој сладок компир се должи на антоцијанините кои имаат антивоспалителни својства и ја подобруваат работата на дигестивниот тракт. Освен тоа содржи и протеини, бета каротен и витамини Б6, Ц и Е, а изобилува и со минералите манган и калиум.

Црвен кромид

Црвениот кромид содржи околу 39 калории. Богат е со протеини и здрави масти, фосфор, калциум, железо и витамини Б и Ц. Една главица кромид со средна големина содржи 9% од дневно препорачаните количини на витамин Ц, кој е неопходен за формирање на колагенот и за добар имунитет. Задоволува и 5% од дневните потреби за минералот манган, кој е важен за здрави коски и брз метаболизам.

Извор: Здравство.мк

Коментирај