ТОП 5 на идеалните жени според хороскопскиот знак

0
438

Идеалната жена е имагинерен лик кој во реалноста не постои 🙂 , но сепак астролозите даваат некои насоки во побарувачката на овој таинствен вид 🙂 :

  1. Рак

Жените родени под овој знак се многу блиску до титулата на идеалната жена. Тие се исклучително убави, паметни, мили и грижливи. Недостатокот им е дека толку многу се оддаваат на улогата на мајка и забораваат за другите аспекти на животот.
Заслужено петто место!

  1. Риби

Жената Риби е од оној тип на жени која сака да биде спасувана, заштитувана и носена на раце. А тоа силно ги привлекува мажите. Проблемот со жените Риби е дека многу често сакаат да бидат оставени на мира, и лесно подлегнуваат на нивните фантазии.
Заслужено четврто место!

3. Лав

Лавиците се ѓаволски привлечни, интелигентни, и најважно – самоуверени. Но нивното его може да го задуши партнерот. Подготвени се да ги „здробат“ сите свои конкурентки. Поради тоа тие го заземаат третото место.

  1. Скорпија

Претставничките на овој знак поседуваат мистериозна сила и моќ, која ги тера мажите да го губат умот по нив. Жената Скорпија е убава, паметна, но и малку подмолна. Тие знаат дека имаат способност да ги „вртат“ главите на мажите и дека имаат корист од тоа. Заслужено второ место!

  1. Вага

Жената Вага ги поседува сите потребни квалитети на една жена – позитивна, насмеана и секогаш подготвена за компромис. Вагата ужива во животот и им овозможува на луѓето што се во нејзиниот живот да ги доживеат и почувствуваат позитивните и убави работи кои ги носи секојдневието.
Заслужено прво место!

Коментирај