ТОП 10: Земји во кои најмногу се изневерува

0
662

Тајланд го завзема првото место во Топ 10 на земјите во кои најмногу се изневерува.

Рангирањето е направено врз основа на студии спроведени од компанија за кондоми и сајтови за запознавање.

Резултатите покажуваат дека првенци по изневерување се Тајланѓаните, со импресивни 56 проценти од жителите на азиската држава кои имале вонбрачни афери. Второ место на листата на неверните земји го завзема Данска со 46 проценти од нејзините жители. Следат Италија и Германија со 45 проценти.

Во Топ 10 на земјите во кои најмногу се изневерува се и Франција со 43%, Норвешка со 41%, Белгија со 40%, Шпанија со 39%. Во првите десет се и Велика Британија и Финска со 36% од жителите кои признале дека имале вонбрачни врски.

Коментирај